Втора шанса за винарниците што останаа без лиценци

Bez autora
Jul 24 2013

Можност за впишување во регистарот на производители на вино за винарските визби што претходно беа избришани од него заради неисполнување на законски пропишаните услови, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вино кој вчера беше поддржан од матичната собраниска комисија. Според предлог-измените по донесување на законот во период не подолг од 90 дена избришаните винарските визби од регистарот на производители на вино ќе можат да поднесат документација за да бидат впишани повторно. Притоа тие треба да поднесат комплетна финансиска документација до Министерството за земјоделство дека во целост ги подмириле сите обврски кон лозарите, а кои ги вклучуваат основниот долг што го имале, но и законски затезна камата што ќе се пресметува од 30 април кога требало да ги имаат сервисирано обврските, до моментот кога ги подмириле.

Втора шанса за винарниците што останаа без лиценциМожност за впишување во регистарот на производители на вино за винарските визби што претходно беа избришани од него заради неисполнување на законски пропишаните услови, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вино кој вчера беше поддржан од матичната собраниска комисија.

Според предлог-измените по донесување на законот во период не подолг од 90 дена избришаните винарските визби од регистарот на производители на вино ќе можат да поднесат документација за да бидат впишани повторно. Притоа тие треба да поднесат комплетна финансиска документација до Министерството за земјоделство дека во целост ги подмириле сите обврски кон лозарите, а кои ги вклучуваат основниот долг што го имале, но и законски затезна камата што ќе се пресметува од 30 април кога требало да ги имаат сервисирано обврските, до моментот кога ги подмириле. На сметка на државниот Буџет, пак, треба да уплатат 10% од сумата што не ја подмириле кон лозарите на 30 април во тековната година кога и биле избришани од регистарот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik